Кариера

Орбико е една од најголемите дистрибутерски компании во Македонија. За секоја етапа од нашиот развој основна движечка сила ни се луѓето кои работат за нас.
Ние во Орбико ги цениме нашите вработени и ги сметаме за наш најголем потенцијал и затоа се гордееме со оние кои се придружија на нашиот тим и продолжја професионално да се развиваат како индивидуално така и тимски.
Постојано настојуваме да создадеме пријатно работно опкружување кое ги инспирира вработените за беспрекорност и предаденост во работењето. Посебно внимание посветуваме на професионално одбирање на нови кадри и мотивација на постојните вработени кои со својот допринос, работа и развој и понатаму го охрабруваат и градат нашиот тим.
Свесни сме колку се важни квалитетни, стручни и мотивирани вработени и затоа тоа е еден од нашите приоритети да обезбедиме континуиран и професионален развој на нашите вработени во согласност со потребите на компанијата.
На потенцијалните вработени кои сакаат да се придружат на нашиот тим им нудиме почетна обука, одговорност од првиот работен ден, дополнително едуцирање, флексибилна и динамична работна околина, отворена комуникација, тимска работа, можност за напредување во зависност од резултатите од нивното работење.
Целта ни е да ангажираме ентузијасти, квалитетни, одговорни и амбициозни луѓе, флексибилни, креативни и комуникативни кои се ориентирани на реализација на работните цели и на зголемување на задоволството на нашите купувачи.
 
Ако сакате да работите во динамична компанија која постојано се развива со докажани успеси во дистрибуцијата на добро познати звучни имиња, ние ви нудиме можност да аплицирате кај нас.
Можете Вашата кратка биографија да ја испратите и доколку нема активни огласи за вработување, а ние ќе ја вклучиме во нашата база на податоци. Сите Ваши податоци ќе бидат заштитени и нема да се користат за ниедна друга цел.

Пратете CV.