За нас


Нашата визија, мисија, принципи и вредности

Орбико групација


Орбико е водечки дистрибутер за голем број на квалитетни, глобално познати брендови кои се движат од производи за нега и убавина, прехрамбени и непрехрамбени производи, технички и електрични апарати, лекови, играчки, текстил, цигари, моторни масла и многу други производи. Богатиот и разновиден спектар на брендови и производи бара висок степен на флексибилност, отвореноста на постојани промени, флексибилна организација и инвестирање во развој на луѓето и во брендовите.

Нашата цел е да генерираме одржлив раст на бизнисот и да создадеме додадена вредност за нашите деловни партнери и за брендовите во нашето портфолио. Нашите клиенти се сите релевантни и реномирани учесници на пазарот кои се движат од големи мултинационални синџири, локалните малопродажни синџири, продавници на големо, аптеки, независни локални трговци, B2B претприемачи и специјализирани продажни канали. Затоа, Орбико е партнер кој најдобро ги задоволува потребите на нашите деловни партнери со оптимална мешавина на придонесот од производи, услуги, флексибилност и локална експертиза.

Со тим од страстни професионални експерти, ние нудиме целосни и сеопфатни бизнис решенија за продажба, логистички услуги, маркетинг услуги и управување со брендот, за сите брендови во нашето портфолио. Во нашиот бизнис ние се водиме од нашата визија, мисија, принципи и вредности.

  • Да се биде водечки дистрибутивен лидер во Европа.

  • Да им обезбедиме на нашите деловни партери продажба, бренд менаџмент и логистички услуги со врвен квалитет
  • Зголемување на пазарните удели на нашите брендови во рамките на категориите во секој пазар,
  • Да се воспостават долгорочни квалитетни односи со нашите деловни партнери,
  • Создавање на средина која ќе инспирира совршеност во она што го правиме.

  • Имаме страст за Победа
  • Ние го цениме Лидерскиот став
  • Ние го охрабруваме Сопственост пристап
  • Ние работиме со чесност и интегритет
  • Ние покажуваме почит кон сите поединци
  • Ние високо ги почитуваме и вреднуваме личните способности
  • Ние сме навикнати на промени

  • Луѓето се нашата најскапоцена вредност
  • Ние сме фокусирани на задоволството на клиентите
  • Ние работиме како едноставна флексибилна организација адаптибилна на промени
  • Нашиот успех е фокусиран на поекономични и бизнис резултати
  • Одржливиот профит и развој се од суштинско значење за нашиот успех
  • Ние сме општествено одговорна компанија

Нашите услуги


Орбико нуди целосни и сеопфатни бизнис решенија за продажба и дистрибуција, логистички услуги, маркетинг и бренд менаџмент услуги за голем број различни индустрии и бизнис области како што се FMCG, производи за нега и убавина, лекови, играчки, текстилни производи,...

Ние нудиме услуги со супериорен квалитет на нашите принципали и на клиентите им носиме бизнис вредност, раст и развој. Орбико бизнисот денес се протега од Балтичкото до Црното Море и функционира во 19 земји.

Сите наши клиенти се релевантни и реномирани учесници на пазарот кои се движат од големи мултинационални синџири, локални малопродажни синџири, продавници на големо,аптеки, независна локалните трговци, B2B претприемачи и специјализирани продажни канали.

Орбико денес соработува со повеќе од 50 добавувачи, управува со повеќе од 500 глобални и локални брендови и дистрибуира доповеќе од 80.000 клиенти.

Сакате да бидете дел од големото семејство на ОРБИКО?


Прочитајте за сите отворени позиции и аплицирајте , а ние ќе се погрижиме за да откриеме колку добро би се вклопиле во нашиот тим.

Дознај повеќе

Орбико групација


Во моментов Орбико е присутно во 19 различни земји и региони и обезбедуваме врвна квалитетна дистрибуција и логистички услуги до нашите партнери.

За да ги видите локалните веб страни во Вашите земји, Ве молиме одберете еден од следниве линкови.