ОРБИКО ДОО Скопје

ОРБИКО ДОО Скопје е дел од групацијата ОРБИКО, која а водечки лидер во дистрибуција на светски познати брендови за Југоисточна Европа со вкупен годишен промет од повеќе од 700 милиони ЕУР, над 2.300 вработени, со свои претставништва во 10 земји.
Како компанија во Македонија е основана во 2004 година и од тогаш активно функционира и нуди секаков тип на логистички и дистрибутивни услуги на територијата на Македонија.
Нашата компанија се занимава со увоз, дистрибуција, продажба на светски познати брендови (прехрана, пијалоци, играчки, козметика и моторни масла). Она што е заедничко за сите производи, кои имаат различна намена и производители, а се наоѓаат во продажно-дистрибутивниот асортиман на Орбико е ВРВНИОТ КВАЛИТЕТ.
Ние како компанија постојано работиме на подобрување и усовршување на нашите услуги и квалитет, се со цел да ги задоволиме потребите на потрошувачите.