Човекови ресурси


Луѓето се Моќ

Човекови ресурси


Ангажирање на компетентни вработени е клучната магична состојка во секоја голема организација. Вработени со високо ниво на енергија, кои се проактивни и фокусирани, кои ја превземаат одговорноста и ги промовираат промените на  подобро, придонесуваат за развој на организацијата и нејзино движење напред. Ова е причината зошто ние во Орбико даваме посебен фокус и внимание кон професионална селекција на нови, како и едукација и развој на постојните вработени.

За нас е многу важно вработени да функционираат со ентузијазам, иницијатива и проактивност,  да се одговорни и љубопитни и да имаат интегритет и лична искреност. Во потрага по нови, подобрени и иновативни бизнис решенија ние промовираме отворена комуникација. Добрите идеи со бизнис вредност, се наградуваат и вработените со големо достигнување имаат можност да се промовираат и да се развиваат како професионално така и лично. Секаде каде што има можност ние плаќаме за перформансите, така што вработените со подобри резултати имаат можност да заработат повеќе. Некои од предностите во Орбико се тимската работа и силната поддршка во меѓучовечките односи.

Орбико бизнисот денес се протега од Балтичкото до Црното Море, кој обезбедува огромна кариера можности за развој на образовани професионалци со извонредни бизнис достигнувања. Важно за нас е дека нашите вработени се фокусираат на нивните способности и енергија и ги усогласуваат со бизнис целите и стратегија, тие се грижат за нивната работа и ја чувствуваат целта и нејзиното значење.

Кариера


Од исклучително значење е фактот дека Вашите цели се во согласност со целите на компанијата. Тоа е нашата заедничка цел, да се запознаат едни со други подобро. Имајќи го тоа во предвид, ние подготвивме прашалник, кој е основа за нашето лично интервју со Вас. Вашите лични референци се ценети и доверливоста на Вашите податоци е загарантирана.

Во Орбико има можност за студентска пракса, по интервју со кандидатите кои имаат изразено желба за тоа, по евалуација на нивните способности и афинитети.

Орбико групација


Во моментов Орбико е присутно во 19 различни земји и региони и обезбедуваме врвна квалитетна дистрибуција и логистички услуги до нашите партнери.

За да ги видите локалните веб страни во Вашите земји, Ве молиме одберете еден од следниве линкови.